Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска смета дека е погрешно владата да ги легализира дивоградбите на сиромашните граѓани, туку треба да им издаде социјални станови.

„Државата треба да  му помогне на социјалниот случај, ако му е направено на погрешно место куќата. Државата може да му даде социјален стан, па правеа социјални ставови. Па каде се тие социјални станови?! Јас имам сознанија дека несоцијални случаи живеат во социјални станови. Се можеме да уредиме само треба да ги средиме коцките како што треба“, вели претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска во интервју за порталот Zoom.mk.

Ивановска тврди дека владата нема точни податоци кога тврди дека со законот за довоградби ги заштитува социјалните случаи затоа што по општини нема направено категоризација на објектите коишто се дивоградби, по вид, по место и по содржина.

Ако Собранието повторно го изгласа истиот закон, таа очекува земјата да добие голем шамар од Европската Унија. „Ова никаде не води“, истакнува Ивановска.

Според неа, понуденото законско решние нема да го реши проблемот со дивите градби, како што не го реши претходниот законот, којшто бил поригиден.

„Ние немавме сателитски снимки, туку со двајца сведоци на нотар ќе докажуваме дека градбите им се пред 2011. Значи, не се направил доволно добар систем, којшто ќе детектира од кога е градбата. На жив ми мајка, и ај со здравје.  Не може тоа така да оди“, вели Ивановска.