Музичарите кои не свират свадби, преку Здружението за унапредување на правата на музичарите – ” Музика сега ” најавија протест со почеток од 12 часот пред Владата на РСМ. Бараат да се укине мерката за тоа музика да има само на свадбите, бидејќи како што велат се дискриминирани оние музичари кои не свират свадби.

Во нивното соопштение стои:

„Почитувани членови на ЗУПМ “Музика Сега”, останати колеги од фелата и членови на останатите музички здруженија,музички работници,Почитувани членови на Владата и останатите релевантни институции, кои ги застапувате правата на граѓаните на Македонија, Почитувана јавност и наши сограѓани.

Ова е нашето последно обраќање во кое ја користиме оваа интонација и динамика во изјавата! Како што и претходно потенциравме, ние како Здружение за унапредување на правата на СИТЕ музичари без разлика на националност и етникум, досега во целост се трудевме да изградиме коректен однос со надлежните институции следејќи ги сите протоколи во комуникацијата, конструктивно и достоинствено, одговарајќи на сите нивни задачи и предлози за наша организација, со цел да послужат како стожер во изградбата на функционална инфрастуктура во корист и заштита на цела една професија од непроценлива културна вредност.

За жал исходот од нашите културни напори за позитивни резултати и со помош на државните органи да ја ублажиме болката од стрмниот финансиски пад и деградација на цел еден еснаф, го знаете сите.И покрај сите наши напори, не успеавме да ја рабереме логиката на последната официјална објава по одлуката на владата за олабавување на мерките.

Зошто свадбите и музичарите кој настапуваат по свадби би биле привилегирани сега во однос на другите? Каде се протоколите за мали настани (кафичи,ресторани,ноќни клубови,барови,кафани, и други угостителски објекти) кои ви ги предадовме изминатото лето? До кога ќе трае оваа дискриминација,бидејќи за тоа се работи, ЗА ДИСКРИМИНАЦИЈА?

Со оваа последна одлука од комисијата за заштита од заразни болести овие половични мерки ќе создадат хаос во работењето и новото секојдневие,и да не испадне утре во сите угостителски објекти секојдневно да се организираат свадби и прослави.Затоа овој пат се обраќаме до Владата, која ги изгласа предлог мерките предложени од Комисијата за заразни болести и АПЕЛИРАМЕ и БАРАМЕ, концизно и јасно да се укине мерката од Службен весник бр.240 од 05.10.2020 – Прилог број 7 и 8 точките број 13 и 15 без дискриминација на било кој сегмент од нашиот колегиум и конечно после 15 месеци да може да отпочнеме со работа сите,ама во буквална смисла на зборот СИТЕ музичари.

Искрено се надеваме дека овој пат ќе бидеме сослушани и сериозно сфатени, во спротивно ќе се надоврземе на нашето Отворено писмо до јавноста од 28.05.2021, а доколку нашите молби не бидат ислушани и нашите барања за укинување на мерката од (Службен весник бр.240 Прилог број 7 и 8 точка број 13 и 15) овој петок 04.06.2021 година најавуваме ПРОТЕСТ на сите МУЗИЧАРИ и МУЗИЧКИ РАБОТНИЦИ во РМАКЕДОНИЈА!!!“, стои во соопштението на здружението.