Премиерот Зоран Заев изјави дека е подготвен да оди во Софија и да замоли за решение во спорот со Бугарија. Како што вели тој, убеден е дека никој не сака да погази врз македонскиот идентитет и јазик.

– Да замолам за решение на прагамтични основи, знаејќи дека никој не сака да погази врз нашиот македонски јазик и македонски идентитет. Така и ќе биде, но сепак решението мора да го најдеме ние двете пријателски земји, изјави Заев и додава:

– Правиме се и навистина имаме добра основа низ португалскиот предлог да изнајдеме решение со Бугарија. Ако успее, веднаш на 23 јуни треба да ја имаме првата меѓувладина седница, изјави премиерот.