Опозициската ВМРО-ДПМНЕ која објави пред неколку дена скандал во РЕК Битола каде е вршен притисок и рекет за тендери, соопшти дека газдата на пропаднатата фирма „СВ Инвест“, која според нив се поврзува со Вице Заев, избегал во САД.

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска соопштија дека се погласни се информациите дека газдата на пропаднатата фирма „СВ Инвест“, кој, според партијата, се поврзува со Вице Заев е избеган во САД.

-Газдата на „СВ Инвест“ Стојан Чифлигароски според документите кои ги доставија до ВМРО-ДПМНЕ свиркачи од врвот на СДСМ е лицето за кое е вршен притисок врз сопствениците на „Рубитон“ да ја отстапат работата во РЕК Битола или ако не сакаат да платат 250.000 евра во кеш на Вице. Јавноста уште нема информации каква е поврзаноста на газдата на „СВ Инвест“ и Вице Заев? Но и зошто Вице нема дадено исказ во ЈО?“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ претходно обвини дека пријавата која ја поднела Рубитон била фалсификувана во обвинителството со цел да се тргне името на Вице Н., кој наводно е братот на премиерот Зоран Заев. Обвинувањата ги демантираше Вице Заев.