Веќе 14 дена на Криволак се одвива “Одлучен удар 21” – вежба која е дел од најголемата НАТО вежба во Европа “Defender Europe 21”. Припадниците на Армиите на Северна Македонија, САД, Грција и Бугарија ќе имаат презентација на способностите и подготвеноста пред државниот врв и високи претставници од државите чија војска учествува во оваа воена вежба.