Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, вели дека главна тема во однос на спорот со Бугарија не се идентитетските прашања туку патоказот. Тој вели дека наше е тој патоказ да го дефинираме, а на членките на ЕУ паѓа бремето да го заштитат процесот на пристапување во ЕУ.

-Мислам дека главна тема не се идентитетските прашања туку е патоказот кој ќе создаде предвидливост во имплементација на договорот за пријателство. Патоказот за нас е прифатливо решение кое ќе ја создаде таа предвидливост, сме го разговараме тој акциски план во неколку наврати, но мислам дека повеќе е обврска на земјите-членки да кажат каде ќе го стават тој патоказ и дали ќе го заштитат европскиот процес како таков. Тој дел од бремето мислам дека паѓа на земјите-членки, а наше е да работиме тој акциски план да се дефинира што побрзо, изјави министерот Османи.