И вечерва протестПравда за уставобрнаителите, слобода за Македонија“ пред Владата. Организтор на протестот се македонски заедници и организации од дијаспората, а повод како што велат се настаните во Собранието на Македонија на 27 април. Протестот почна во 18.30 пред зградата на Владата каде ќе се прочита Декларација со барања, а ќе продолжи со марш преку центарот до Собранието.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ веќе дадоа поддршка на протестите и ги повикаа граѓаните да излезат на протестот.  Од власта пак, велат тоа не се протести за ниту за правда, ниту за правичност. Демонстрантите бараат ново судење за осудените за упадот во Собранието на 27 април 2017-та.