Доколку ви се пријаде нешто слатко, а сепак полно со едни од најздравите ситни плодови полни со антиоксиданси, го имаме вистинскиот рецепт за вас. Подгответе неодоливи мафини со боровинки за целото семејство. Целиот дом ќе замириса на свежо печени домашни мафини.

Состојки:

– 3 јајца
– 150 мл млеко
– 50 мл масло
– 200 грама брашно
– 150 грама шеќер
– 1 прашак за пециво
– 100-150 грама смрзнати боровинки

Подготовка:

Во еден сад изматете ги јајцата со шеќерот додека добиете кремаста смеса. Потоа додајте го млекото и продолжете со матење. Додајте го и маслото, изматете и додајте ја смесата од брашно и прашок за печиво. Измешајте и смесата распоредете ја во калапи за мафини. Над секое колаче одозгора ставете по неколку боровинки. Вака приготвените мафини ставете ги да се печат во рерна загреана на 180 степени, 20 минути. Откако ќе се испечат, можете да ги посипете со прав шеќер, по желба.

Добар апетит!