Старите занаети во скопската Чаршија секој ден сè повеќе исчезнуваат. Тешко дека може да најдете казанџија, ковач или кожар. Филигранџиите велат дека секој ден се намалува интересот за нивната работа, исто така интересот на младите е многу слаб.

Advertisements

„Многу малку се оние што бараат, но исто така и воопшто немаат интерес затоа што не можеме да ги задржиме со работата што ја имаме секој ден, тешко е да продолжиме со овие занаети“, вели Африм Шабани, филигран.

Пандемијата го забрза исчезнувањето на занаетите. Бараат помош од државата.

„Дефинитивно е потребна финансиска поддршка. Ако немаме поддршка, тешко дека ќе преживееме. Владата треба да преземе мерки за отворање на музејот, така што туризмот полесно може да помине низ нашите улици, каде што исто така можеме да ја промовираме нашата работа“, додава Шабани.

Од Еснафот на чаршијата велат дека централната и локалната власт, со посебен проект, треба да се погрижат за заштита на занаетчиството, бидејќи со целосно исчезнување се расипува мозаикот на Чаршијата.

„Значи субвенција, плата или кирија да им бидат обештетени само за да бидат во Чаршијата, а не да ги затвораат локалите. Потребна ни е соодветна организација и владата треба да има интерес да ја зачува чаршијата, да ја имаме чаршијата како што ја имавме, да биде уште подобра, поорганизирана и попривлечна за туристите и за сите други организатори“, рече Бејтула Морина, еснаф на чаршијата.

Министерството за економија има најголеми надлежности за заштита на старите занаети. Велат дека минатата година одвоиле средства за кофинансирање на проекти за поддршка на занаетчиските комори.

Мефаил Исмаили