Новиот Дино парк лоциран веднаш до Зоолошка градина Скопје е официјално отворен за посетители.

За сите оние кои сакаат да се впуштат во нови и возбудливи авантури, да дознаат нешто повеќе за неверојатниот свет на диносаурусите и имаат желба да видат како изгледале Тираносаурус, Стегосаурус и Алосаурус во природна големина, од денеска ќе имаат прилика тоа да го искусат и доживеат. Дино паркот се простира на површина од 2000 квадратни метри и има вкупно 41 диносаурус од креда и јура периодот, од кои дел се во природна големина. Цената на влезницата е 50 денари.