Европа е виновна за тоа што чекаме 16 години пред ватите на Европската Унија. Ова го изјави денес премиерот на РСМ Зоран Заев додавајќи дека земјата ги исполни сите критериуми за влез во ЕУ. Заев испраќа замолица до Бугарија за поддршка на земјата. Премиерот воедно порача дека секогаш се добредојдени пријатели кои сакаат да помогнат, но потенцира дека ова е билатерален проблем и така треба да се решава.

„Јас едно ќе кажам, Европа е кабаетлија и ни должи. Ни должи многу. Европа е и Бугарија и Грција и сите други членки. 16 и пол години направивме како чекаме пред вратите на ЕУ. 2001 година, веднаш по Словенија потпишавме договор за стабилизација и асоцијација. Пред Хрватска. А, Хрватска слави 8 години членство во ЕУ. Што и да е, многу е. Испорачавме се. Јас ја испраќам пораката за замолница за поддршка од Бугарија кон Северна Македонија“, посочи Зоран Заев.

Истото го мисли и претседаелот на Бугарија. Радев за време на заедничката посета на Рим и Ватикан со Пендаровски, порача дека не се потребни никакви европски посредници помеѓу Скопје и Софија. За вакво нешто ќе ни треба преведувач.

„Денес можам да ве уверам дека Бугарија е подготвена да работи на градење мостови меѓу двете земји, за развивање на економските, образовните, трговските и културните врски и за најважното, за зближување на двата народа“, додаде Румен Радев.

Инаку германскиот министер за Европа, Михаел Рот е во посета на Тирана. На средбата со министерката за Европа и надворешни работи, Олта Џачка, ја повторил позицијата на Германија за поддршка на одржувањето на првата меѓувладина конференција со Албанија и Северна Македонија, во рамките на португалското претседателство со ЕУ.