И таа му подлегнала на трендот на подмладување…
Јорданската кралица Ранија важи за исклучително убава, младолика и модерна дама, која со својата убавина, манири и јавни настапи го маѓепса половина свет.
Исто така, кралицата Ранија важи за една од дамите кои не се двоумеа да одат „под нож“ и на тој начин да го „поправат“ она што не им се допаѓа на лицето.
Иако таа не сакала хируршки да го смени изгледот на носот, јаболчниците и слично, кога ќе ги погледнете нејзините постари фотографии, може да се види дека и кралицата Ранија подлегнала на трендот на филери и подмладување со ботокс.
Денес може да се види дека нејзиното лице е значително пополнето, но и неприродно затегнато, со оглед на тоа дека во август ќе наполни 51 година.
Сепак, и покрај фактот дека јасно се гледа колку нејзиното лице се променило во изминатите децении, кралицата Ранија сепак се уште важи за една од најубавите жени во светот.