Словачкиот амбасадор во земјава Хенрик Маркуш, денeска, говорејќи на четвртата пленарна сесија на Националната конвенција за ЕУ во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК), рече дека местото на С Македонија е несомнено во ЕУ и оти промената на името на земјава не било наградено со почнување на вистинските преговори за членство.

-Правењето на Европа на едно подобро место, особено во вашето справување со добрососедските односи, беше придонес без преседан особено со промената на името на вашата земја тоа не беше наградено со најлогичниот резултат – почнување на вистинските преговори за членство. Додека ние, заедно со нашите партнери со ЕУ работиме на справување на пречките веднаш, постои уникатна можност да се приклучиме кон дискусијата за нашата заедничка иднина, а дискусијата а нашата заедничка иднина лежи во проектот Конференција за иднината на Европа, рече Маркуш.

Словачкиот амбасадор посочи дека Северна Македонија служи за еден од најдобрите примери и мораме да ја осмислиме нашата заедничка европска иднина на многу подобар начин отколку што тоа се правеше досега.

Тој истакна дека Конференцијата за иднината на Европа отвора нов простор и можност за отворена, искрена и критички настроена дискусија за тоа како ја гледаме нашата иднина и кое е нашето место, каков живот сакаме да создадеме за нас и за идните генерации.

-Искуството на Северна Македонија ни дава за право да презентираме еден силен случај – С Македонија како земја кандидат треба да биде важен дел од овој проект, не можам да замислам дека ќе остане по страните на една дебата којашто трае затоа ве повикувам да помогнете да ја рашириме оваа порака од страна на сите засегнати страни во вашата земја за да им помогнете да се приклучат кон оваа сеопфатна дебата, рече Маркуш.

Тој додаде дека Националната конвенција, која почна во 2017 година, стана моќна алатка размислувањата поврзани со законодавството на ЕУ, за соработка меѓу Владата и невладиниот сектор во земјава, како и моќен пример за соработка при што акцентот е ставен на поглавјето 23 и 24 од законодавството на ЕУ.