По завршување на конкурсот за независни уметници, објавен во декември 2020 година, на кој уметниците го бараат правото за покривање на трошоците за здравствено осигурување и другите месечни придонеси, Министерството за култура сè уште, дури и по 5 месеци, не ги објавува овие резултати на веб-страницата на Министерството на транспарентен начин, како што треба и како што функционира секоја нормална демократска држава, туку известувањата за победници се пратени лично на уметниците како решенија.

Иако ова не е единственото кршење на законот, ние ја потсетуваме јавноста дека, според Законот за култура, овие резултати требаше да бидат објавени на веб-страницата, односно на транспарентен начин, уште на 15 јануари 2021 година.

Од информациите што ние ги имаме добиено, чудно е како со ова право се стекнаа само македонските уметници, бидејќи од друга страна постои апсурд – ниту еден албански уметник не се стекнал со тоа право. За да биде ситуацијата уште поконтрадикторна, и покрај јавните изјаснувања на оваа влада како граѓанска, во ова комисија немаше ниту еден албански член, што претставува дискриминација од посебен вид.

Затоа Алтернатива ја повикува министерката за култура, Ирена Стефоска, да ја повлече оваа одлука, да ја разреши комисијата именувана во декември 2020 година и да формира друга комисија со мултиетнички состав. Преиспитувањето на оваа одлука ќе биде поздравена и од уметниците, бидејќи на овој начин сите уметници објективно ќе го добиеја заслуженото право, стои во соопштението на Алтернатива.