Руската амбасада во Скопје преку социјалните мрежи го честиташе денот на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј. На официјалниот твитер профил осамна и цитат од Владимир Путин.

-Денеска во Русија е свечен ден – Денот на словенската писменост, а писменоста дојде кај нас токму од македонската земја” – Владимир Путин.

Воедно руската амбасада им го честиташе денот на македонскиот народ.