Овој празничен ден, посветете го на домашните и уживајте заедно во подготовката на семејниот ручек. Наш предлог е филети риба подготвени на медитерански начин.
Состојки:
– 250 г чери домати
– 2 модри патлиџани
– 1 чешне лик
– 500 мл бистра посна супа
– 200 г кускус
– 4 филети од риба
– 2 лажици сечкан босилек
– 2 лажици маслиново масло
– сок и кора од лимон
– сол и црн пипер
Подготовка:
Во тава загрејте една лажица маслиново масло и додајте ги излупените и сечкани модри патлиџани, измиените чери домати и чешнето лук столчено, не сечкано. Гответе околу 10 минути додека омекнат доматите. Во меѓувреме ставете ја супата во голем сад, додајте го кускусот и гответе 6-8 минути или додека омекне. Загрејте грил тава или скара.
Филетите риба премачкајте ги со останатото масло, посипете ги со сол и црн пипер, посипете ги со рендана кора од лимон и печете ги на скарата по 3-4 минути од секоја страна. Готовиот кускус исцедете го, додајте го во мешавината од зеленчук, зачинете со сок од лимон и сечкан босилек. По вкус зачинете со малку сол и поделете го во чинии. Во секоја чинија ставете по едно парче риба и послужете.