Актерот Хју Грант неодамна беше гостин во ток-шоуто на актерката Дру Баримур „The Drew Barrymore Show“. Тој ја искористи можноста да ѝ се заблагодари за поддршката во средината на 90-тите години на минатиот век, кога се најде во голем скандал за неверство, а воедно се присетија и на некои досега непознати настани од нивното пријателство.

Имено, во 1995 година, Грант беше фатен во автомобил со проститутката Дивајн Браун. Несоодветната авантура на тогаш најпопуларниот актер во романтични комедии заврши на насловните страници на сите таблоиди.

Сега 60-годишниот Хју јавно ѝ се заблагодари на Дру Баримор, со која глумеше во филмот „Music and Lyrics“, што во тоа време му испратила писмо за поддршка.

Тој го опишува тоа време како „црни денови“, нарекувајќи се себеси идиот, а откри и дека поддршката од актерка која во тоа време не го ни познавала добро, му значела многу.

Во тоа време бев опкружен со 5.000 новинари и тоа убаво и срдечно писмо ме израдува многу. Затоа секогаш ќе имаш место во моето срце“, ѝ рече Хју.

Бaримор објасни дека му го испратила писмото затоа што и самата морала да се справува со скандали во нејзината младост, кога отишла на рехабилитација. Во исто време, таа рече дека многу го ценела како актер, што била дополнителна причина да му пристапи.

Од актерите и од политичарите се очекува да бидат совршени, да не прават грешки. Не дај Боже да сакаме да чуваме некои приватни работи за себе… Ние едноставно ги немаме тие привилегии“, истакна Дру.

Тие се присетија и на други моменти од нивното пријателство. Во една прилика, актерката решила да го бакне Грант наместо да го поздрави. Дру беше искрена и призна дека испила неколку пијалоци таа вечер во Њујорк.

Profimedia

Наместо да кажам чао, само ја зграпчив твојата јака и почнав да те бакнувам“, по што малку флертувале пред таа да замине.

Беше многу бизарно. И јас бев пијан, но продуцентите со кои разговарав беа трезни и многу изненадени од таквиот поздрав“, се пошегува Хју.

instagram
Instagram

Актерите зборуваа и за тоа како Хју се справува со улогата на татко. Грант е татко на пет деца, неговата најстара ќерка има 9 години, а најмалото дете со неговата 42-годишна сопруга Ана Елизабет Еберштајн го добија на крајот на 2018 година.

Мразам одговорност. Јас сум постар татко на пет деца и цело време чекам да дојде некој постар од мене и да го направи тоа место мене“, изјави актерот за тоа како се однесува со децата.

epa-efe
Хју Грант со неговата сопруга / EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Грант призна дека и покрај тоа што е постојано исцрпен, во моментов е посреќен од кога било.

Сите клишеа се точни. Целата таа љубов е прекрасна. Не само од децата, туку и од мојата сопруга“, рече тој, додавајќи дека Дру мора да ја запознае неговата сопруга.