Најмалку шест села и два манастира се превентивно евакуирани поради големиот пожар што избил доцна синоќа во близина на Коринт во Грција.

Advertisements

Грчката противпожарна служба со 182 пожарникари, седум пешадиски тимови, 62 возила, 17 авиони, три хеликоптери и со помош на цистерни од општината и волонтери се обидува да го стави пожарот под контрола.

Портпаролот на противпожарната служба на Грција, Василис Ватракојанис, за грчката новинска агенција АНА-МПА вели дека прават сѐ што можат за да се ограничат огнените јазици, а според полициските извештаи евакуирани се околу 300 луѓе. Нема пријавени починати лица.

Пожарот е во планински дел, а полицијата во одредени делови го прекина сообраќајот за возила.

Прикажи повеќе