Фитр Бајрами беше дочекан со ентузијазам од муслиманските верници во Албанија. Илјадници учествуваа на бајрамската молитва на плоштадот Скендербег во Тирана. Нивните желби беа меѓу другото, пандемијата да остане минато.

Advertisements

„Среќен Бајрам на сите муслимански верници каде и да се. Им посакувам просперитет…

Честитки за сите и се надеваме дека по тешката година овој Бајрам може да донесе враќање на добрината, со божја волја да се отстрани сето зло…

Посакувам да им се прифати постот на оние кои постеа со надеж дека ќе завршат болестите и проблемите што ги имавме во последните две години…

На сите муслимански верници им го честитам Рамазан Бајрам. Мирот нека владее насекаде во светот. Со оглед на ситуацијата на Истокот, во Палестина и Израел“, рекоа верниците.

Празничната атмосфера за момент остана под сенка на еден инцидент по молитвата кога еден граѓанин се полеа со бензин се обиде да се запали. Настанот немал никаква врска со празникот, туку со неговата психичка состојба.

Бајрам беше одбележан и во Косово. Централната манифестација се организираше во Приштина во големата џамија Султан Мехмет Фатих, каде се инсистираше да се држи растојание.

„Овој Рамазан, како и минатиот Рамазан, а со тоа и овој Бајрам, го пречекавме со пандемијата Ковид-19, што предизвика големи последици во сите области. На овој празник се сеќаваме на сите кои починаа. Го молиме Семоќниот да ги опфати со неговата милост, а заразените што е можно побрзо да оздрават. Денеска ни е празник и го славиме заедно, но драги браќа мора да бидеме внимателни, бидејќи вирусот е сè уште меѓу нас“, порача Наим Трнава, Муфтија на Косово.

Еви Шкопи