Кандидатот за пратеник од „Студентската листа“ Јово Бакиќ потврди дека сака да биде министер за внатрешни работи, но нагласи дека тоа зависи од одлуката на носителот на мандатот за состав на владата и пратениците.

„Имам голема желба да го работам тоа, но дали ќе го работа зависи од многу фактори. Само велам дека би сакал да го работам тоа, дека се подготвував за таа работа и дека знам што би направил и како би го работел тоа“, рече Јово Бакиќ, додавајќи дека приоритет е „прочистување“ на Министерството за внатрешни работи.

Тој изјави дека, доколку стане министер за внатрешни работи, прво ќе спроведе реформа на Министерството за внатрешни работи, вклучително и проверка на имотот на вработените и споредување на нивниот имот со приходите, како и користење на наодите од внатрешната контрола, пренесуваат српските медиуми.

Бакиќ рече дека полицајците за кои ќе се утврди дека „вршеле насилство врз студенти и граѓани треба да бидат одговорни, а не само отстранети од службата“.

„Ќе го преземеме управувањето со државата кога ќе бидат верификувани мандатите“Бакиќ изјави дека Студентската листа во моментов нема институционални механизми за влијание врз формирањето на нова влада, бидејќи Народното собрание сè уште не е конституирано, ниту пак е формирана нова влада.

Тој оцени дека сегашната влада може да го одложи овој процес, наведувајќи дека Студентската листа ќе може да ја преземе одговорноста за управување со државата само кога ќе бидат верификувани нејзините парламентарни мандати и кога ќе биде формирана нова влада, според написите.