Можам слободно да кажам дека со овој начин на исхрана мојата победа е двојна, не само од естетска страна, туку и од здравствена.
Откако започна со сосема нов режим на исхрана, Мери Зибероска Петреска која тогаш имала 104 килограми, успеала да се ослободи од цели 38 килограми, трансформирајќи се во вистинска убавица.
Трансформацијата спроведувана со протоколот на липосукциска исхрана траела една година и десет месеци, но, и тоа како вредела, зашто резултатите останале трајни. Денес Мери со гордост се
сеќава на периодот на борбата со вишокот на телесна тежина од којашто излегла како победник. А, победата била двојна, не само од естетска страна, туку и од здравствена.
Па, не нѐ чуди што, во меѓувреме, Мери стана мајсторка за приготвување на различни јадења кои го поддржуваат протоколот на липосукциска исхрана. Поточно, оброци кои ќе ви помогнат да ги губите
килограмите, а при тоа да уживате во секој превкусен залак.
Протоколот за слабеење се состои од две фази – липо третман со примена на препаратите „Липо алфа“ и „Липо бета“ и план за исхрана и фаза на стабилизација и одржување на телесната тежина. Двете фази траат по 14 дена. Утрото секогаш започнува со топла лимонада, а при чувство на глад се јаде посолена краставица.
Денес Мери ни предлага превкусни рецепти од втората фаза. Се разбира, од предложениот куп рецепти, тешка беше одлуката кои да ви ги претставиме.
Авокадо во микро печка
Состав: 2 авокада, 2 јајца, по желба: перца кромид, лук, праз, сланина, хималајска сол и суви зачини (домашни). Подготовка: Се сече авокадото на половина, се вади коската и се полни со изматено јајце и состојките што сте ги ставиле по желба. Вака наполнети се печат околу 10 минути во рерна или во микробранова печка.
Липо американска палачинка
Состав: 2 јајца – ½ лажица голема псилиум или сода бикарбона, 1 голема лажица кокосово брашно, 1 голема лажица полномасно сирење (крем сирење со голема масленост), сол хималајска. Подготовка: Се матат јајцата. Се додаваат останатите состојки да се добие густа содржина. На намачкана тава со путер (или маслиново масло) во форма на палачинка се става од смесата во дебелина од околу 1 см и липо палачинките се печат од двете страни додека поцрвенат.
Чипс – грисини со јајце
Состав: 100 гр моцарела (чедар), 40 гр (мелен бадем, лешник, орев), 1 јајце, малку путер по желба, сол по желба (сусам, лук во прав, кромид, пипер, перца од праз, перца од кромид или лук). Подготовка: Моцарелата рендана се става во микро печка две минути да се растопи, потоа се додаваат сите суви состојки и на крај јајцето и путерот (претходно стопен). Додека е топло состојките се мешаат и се става на мрсна хратија, одозгора се покрива со уште една мрсна хартија и се развлекува со раце или со сукало во дебелина од 4-5 милиметри. Потоа горната хартија се трга, се прават триаголници или друга форма со нож за сечење пица и се печат во рерна на 180 степени околу 3-4 минути.
Закажете бесплатен совет и консултација во „Липо диет“ центарот (на улица „Димитрие Чуповски“ број 22, спроти поранешен „Мекдоналдс“) или јавете се на телефоните 02 3151714, 070535033. Протоколот за слабеење може да го нарачате и на домашна адреса.