Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски ја критикуваше Владата дека преку Генералниот секретаријат објавува тендери за маркетинг услуги и рекламни кампањи, за сума од 600 илјади евра.

-300.000 евра за кампања за успешна вакцинација и уште 300.000 евра за кампања за спречување корупција. Ниту едното ниту другото е успешно ниту на едното поле се работи ниту пак на другото поле се работи па за да се тера некаква кампања.

600.000 евра народни пари Заев, Филипче и Љупчо Николовски ќе ги дадат на маркетинг агенции, а кои се зборува веќе дека подоцна ќе им ја прават кампањата за локалните избори.

Еве јавно прашуваме, како ќе се потрошат овие 600.000 евра?
Ова е прашање кое што ја интересира јавноста и треба да се одговори.

Јавно прашуваме каде ќе завршат овие 600.000 евра и како ќе допрат до јавноста овие кампањи за кои што нели ќе се доделат парите, бидејќи се огромни пари,  не се малку пари, ако се земе предвид дека Владата не смее да се рекламира, вели Арсовски.