Порталот „360 степени“ пишува дека со новиот Закон за легализација на дивограби, практично Собранието го амнестираше Стевче Јакимовски, поранешен градоначалник на Општина Карпош.

Како што објави порталот Членот 41 од Законот, додаден на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, предвидува да запрат сите кривични и граѓански постапки што се во тек, а се поврзани со изградба на бесправни објекти (од значење за Републиката и локално значење). Токму за таков случај во тек е судски процес против поранешниот градоначалник на Карпош.

Донесувањето на Законот за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти беше договорено на неодамнешната лидерска средба меѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

Повеќе на порталот „360 степени“.