Обединетите нации се ангажираат на намалување на тензиите меѓу Израел и Палестинците, а генералниот секретар Антонио Гутереш изрази жалење за големиот број жртви, меѓу кои има и деца, настрадани во израелските воздушни напади врз Газа и ракетните напади на Хамас врз Израел, изјави претставникот на ОН, Стефан Дижарик.

Advertisements

Сите летови на аеродромот Бен Гурион во Тел Авив од синоќа се прекинати поради ракетен напад од Појасот Газа, соопштија властите. Палестинската група Хамас соопшти дека истрелала 130 ракети кон Тел Авив, а во градот се слушаат сирени за тревога.

Прикажи повеќе