Музичката дива Бијонсе ги воодушеви своите следбеници на својот инстаграм – профил со секси комбинација на облека и докажа дека сѐ уште е во совршена форма.
Освен што е позната по нејзиниот препознатлив вокал, таа е позната и по својот префинет моден вкус. Негува стил кој е истовремено елегантен и во чекор со трендовите, а притоа ужива кога ја истакнува својата женствена фигура и облини.
Овој пат, пејачката позираше во прилично провокативни пози облечена во проѕирен, тесен комбинезон кој ги истакна сите нејзини женствени облини.
Објавата досега собра повеќе од 3.500.000 „лајкови“, а под фотографијата се редеа лавина од позитивни коментари од нејзните бројни обожаватели.