Ѕвездата од легендарнита реклама за фармерки и моделот Ник Кејмен почина на 59-годишна возраст…
Кејман беше еден од најзгодните модели, текстописец и пејач по кој лудуваа жените ширум светот.
Тажната вест за Би-Би-Си ја потврди пријател близок на неговото семејство, а причината за смртта засега е непозната.
Најголемата популарност ја стекна во 1985 година кога се појави во рекламата за фармерките Левис 501, чии сцени беа снимени во перална за алишта.
Рекламата во која Кејмен ги соблекува фармерките важеше за една од највлијателните ТВ реклами некогаш направени и резултираше со 800 процентно зголемување на продажбата на фармерките „501“.
Ник во тоа време имаше само 18 години, а во рекламата се појави само во боксерки и наскоро се здоби со статусот секс симбол.
Наскоро започна и музичка кариера, а неговата песна „Every Time You Brake My Heart“ ја напиша Мадона, чиј беше штитеник.