По богатиот празничен ручек ви предлагаме вечерата да биде полесна, а притоа да не ви одземе  многу време при подговката. Една од омилените салати, популарната шопска, сигурно и овој пат се најде на вашата празнична трпеза. Со остатокот од салата пригответе лесна ужинка, вкусни крцкави брускети со шопска, а преостанатите јајца и месо оставете ги за следниот ден.

СОСТОЈКИ:

  • 1 домат
  • 1 главица кромид
  • 1 зелена пиперка
  • рендано сирење
  • неколку резанки леб
  • маслиново масло
  • магдонос
  • сол по вкус

ПОДГОТОВКА:

Големо тавче за печење премачкајте го со масло. Наредете ги лепчињата и попрскајте ги малку со маслиново масло. Зеленчукот исечкајте го на коцки или на кругови, па во еден сад измешајте го и зачинете го со сол, но само доколку сирењето не е многу солено. Најгоре ставете дробено сирење, пак испрскајте со маслиново масло и ставете ги да се потпечат во рерна. Откако ќе ги извадите посипете со сечкан магдонос.

Добар апетит!