Премиерот Зоран Заев не е задоволен од она што го добил како предлог-решение за законот за државјанство од Алијанса/Алтернатива.

-Не е она што го договаравме, рече денеска Заев и најави нова средба со министерот и заменик-министерот за внатрешни работи, министерот за земјоделство за да се прецизира и да се пушти во парламентарна процедура. Но, уверен е дека договор ќе се постигне.

На вчерашите забелешки од претседателот на Собранието Талат Џафери дека и покрај лидерските средби, 28 закони и натаму се блокирани, Заев рече дека тие како Влада направиле сериозни отстапки – за пописот, изборното законодавство, делот за гласање со отпечаток од прст, промени во важењето за законски решенија, како она за пензионирање, постигнат е договор за законот за бесправни градби и дека сега на ред е опозицијата.

Ги повика претседателите на собраниските комисии од опозицијата да ги започнат расправите и да се одблокира работата.