Пејачката и докторка Симона Поповска вчера на својот инстаграм-профил со своите пријатели и бројни обожаватели ја сподели среќната вест дека таа и нејзиниот сопруг станале родители.

Објавата на Поповска изненади многумина, а пејачката откри дека станала мајка и дека родила син.

Објавите на нејзиниот инстаграм-профил изминатиов период се претежно од нејзината работа како дерматолог, и одамна немаше објавено фотографија од себеси ниту пак имавме прилика да ја видиме во јавноста.

Instagram
Принтскрин / Instagram

Благодарна сум на Бога за доаѓањето на нашиот ангел“, напиша таа во описот на фотографијата што ја сподели на својот инстаграм-профил.

Одлично се чувствувам и сум пресреќна… Се породив по природен пат и навистина се чувствувам добро, и јас и бебето сме супер. Цело е на мене, навистина личи на мене“, откри Симона за „Вечер“.

Симона во 2018 година се омажи за својот долгогодишен партнер и голема љубов, Крис Поповски.