Според извори на Алсат од Владата, кафеаните и другите угостителски објекти ќе почнат да работат во среда и тоа во бавчите и отворените тераси.

Првично се планира угостителите да работат до 20 часот или до 21 во зависност од тоа кога ќе почнува полицискиот час. Дознаваме дека задутре ќе се разгледува дали полицискиот час да почнува од 21 или 22 часот.

Како што објави Алсат, во вторник овие мерки би биле изгласани во Владата, по препорака на Комисијата за заразни болести.

Имајќи предвид дека состојбата со Ковид-19 е постабилна, велат неофицијално од Владата за Алсат, се планира евентуално да нема полициски час за Велигден и за Бајрам, но за тоа дополнително ќе се одлучува.