Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за време на учеството на протестот за уставобранителите, изјави дека протестот е одраз на целокупната состојба во општеството. Порача дека народот е незадоволен.

-Протестот е одраз на целокупната состојба во општеството. Народот е незадоволен, народот денеска е излезен во поддршка на луѓето кои го бранеа Уставот. Еден ден неправедно осуден човек е како цела вечност. Бидејќи имаме судска пракса за повторно отворање на случаи, не гледам причина зошто и овој случај да не се преотвори и луѓето од слобода да имаат втора шанса да се бранат и да ја докажат својата невиност, вели Мицкоски.