Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ заедно со своите сопартијци се појави на денешниот протест, кој како што велат не е во нивна организација, но сепак даваат поддршка. Наводно овој протест го организираат Македонци од дијаспората.  Христијан Мицкоски на ФБ напиша:

Не смееме да премолчиме неправда, затворот на правдина е најтежок, а општеството не смее да дозволи импровизации.

Даваме поддршка и бараме ослободување на уставобранителите, тие не се и не можат да бидат терористи. Тие се чесни граѓани на оваа земја.