Министерката за образование и наука Мила Царовска, во врска со дигитализацијата на учебниците и училиштата, изјави дека на нашите ученици не им е интересно во училиште. Затоа, мора да има промени вели таа, порачувајќи дека ги разбира реакциите на родителите, додавајќи дека целата реформа е за доброто на учениците.

-Дали како држава покажавме дека само за еден месец успеавме да трансформираме наставата да се одвива дигитално. Не се знае со какви предизвици ќе се справуваме за три или пет години. На нашите ученици не им е интересно во училиште. Тамошните активности не го задржуваат нивното внимание. Тие се постојано изложени на анимација, но тоа не значи дека ние немаме учебници“, истакна Царовска.