Премиерот Зоран Заев и министрите за економија, Крешник Бектеши и животна средина Насер Нуредини се во посета на Општина Брвеница каде присуствуваат на официјалното пуштање во употреба на фотонапонска централа во селото Теново. Во еден момент нивната прес конференција ја прекина езанот, односно повикот на оџата за молитва. Според верувањата на муслиманите, додека пее оџа, во тој момент се оставаат сите работи кои се прават, па дури и да станува за прес конференција.