Индија откри нов троен вид на коронаворус во моменти кога се бори да го совлада најлошиот бран на заразата од почетокот на пандемијата и соборувајќи го светскиот негативен рекорд по број на дневно инфицирани пациенти.
Индиски научници претходно предупредуваа на двојно мутиран вид, а тројниот мутантен сој само ќе предизвика уште поголеми проблеми, јави лондонскиот весник „Индепендент“.
Тројниот мутиран сој значи комбинација од три различни варијанти на коронавирус, кои во индиските држави Западна Бенга, Махараштра и Делхи формираа нов вид и се верува дека во нив тој е доминантен, соопшти Ен-Ди-Ти-Ви Њуз.
Професорот по епидемиологија на универзитетот „Мекгил“, Мудхукар Паи, вели дека станува збор за многу позаразен вид.
-Многу луѓе од него заболуваат многу брзо. Ние мора да продолжиме да ги прилагодуваме вакцините за борба против новите соеви. Мора да ја разбереме инфекцијата, за што е потребно детално секвенционирање, рече професорот Паи.
Според него, доцнењето во откривањето на двојните мутации придонесе за големото ширење на Ковид-19 во Индија.
Извештаите во индискиот печат наведуваат дека тројниот мутиран вирус во моментов е повеќе од интерес за научниците отколку за загриженост.