Фатиме Фетаи не го доби потребниот број на гласови во Советот на јавните обвинители за да стане обвинителка во ОЈО за организиран криминал и корупција.

Таа доби само 4 гласа „За“ од вкупно 11 обвинители.

Ова секако доаѓа помалку чудно, особено поради малиот број на гласови, бидејќи Фетаи е една од најпознатите обвинителки која водеше бројни случаи на СЈО во кои беа осомничени влијателни луѓе од претходната власт, а која исто така го водеше и повторениот случај за „Монструм“ кој заврши со две доживотни пресуди.

На оваа седница со 10 гласови „За“ и само еден против, беше избрана Лиле Стефанова за јавен обвинител.