Премирот Зоран Заев рече дека во преговорите за законот за државјанство, коишто се одржаа денеска има напредок, но на прес конференцијата по средбата не откри повеќе детали околу решението. Како што кажа тој, следно е експертите да ги стават на хартија решенијата за да може да се донесе законското решение.

„Направивме сериозен исчекор, целта е до крајот на неделава да се оформи законскиот текст и следната недела Парламентот да се изјасни за законското решение“, рече Заев, изразувајќи очекување дека постигнувањето на договор би требало да го одблокира Собранието.

Слична изјава даде и лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села кој вели дека се многу блиску до договор, односно решение.

Сега останува ВМРО-ДПМНЕ и Левица да дадат „зелено светло“ со цел да има согласност од сите партии и да се изгласа Предлог законот за државјанство.