Има ли оваа држава Претседател и директор на Агенција за национална безбедност? Видовме во аферата Мафија дека министерот за внатрешни работи и мафијата биле едно исто. Пендаровски е претседател на државата со безбедносен систем кој е целосно пробиен,обвинува Орце Ѓорѓиевски од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој воедно додава:

А АНБ наместо да пишува белешки треба да се занимава со Шкаљарскиот клан, албанскиот нарко-клан барути, италијанската мафија, турската мафија, ИСИС чии луѓе имаат токму од пасошите кои што Спасовски ги издава.
Самиот факт што власта не го демантира скандалот со давање на официјални македонски пасоши и лични исправи на светски криминалци и мафијаши, потврдува дека тие се до гуша заглавени во аферата Мафија.

Зоран Заев и Оливер Спасовски се најодговорни за тоа што Македонија давала закрила на криминалот, мафијата и тероризмот, бидејќи документите кои ги издавале во постапка на МВР со злоупотреба на матични броеви, имиња и идентитети на наши македонски граѓани, вели Ѓорѓиевски.