-За неколку дена од опозицијата излегоа со дијаметрално спротивни ставови на нивните претходни ставови. Зијадин Села манипулира со албанската јавност, неговите изјави се несериозни и трагични. Со манипулација за бројот на лицата кои немаат државјанство сакаат да добијат ситни политички поени. Прво велеа дека 70 илјади немаат државјанство, па после 7 илјади или помалку лица без државјанство, изјави координаторот на пратеничката група на ДУИ Арбр Адеми.

Тој изнесе неколку податоци:

-Во периодот од 1991 до 2021 година, односно за 30 години од независноста со македонско државјанство се стекнале 43.321 Албанец, а одбиени се 3.374 барања. Во постапка за државјанство се над 2.674 барања, од кои помалку од половина, односно помалку од 1.300 се од Албанци“, изјави Адеми.

Воедно Адеми порача дека ова прашање ќе биде решено, па макар да станува збор и за само еден граѓанин кој нема државјанство, односно за само едно одбиено барање.

Инаку, претпладнево почна средбата помеѓу Заев, Села и Гаши токму на оваа тема, измени на Законот за државјанство.