Утре во 11 часот се очекува премиерот Зоран Заев заедно со други владини претставници, да седнат на маса со албанската опозиција, Зијадин Села и Африм Гаши, објави ТВ21.

Според оваа телевизија и двете страни веќе изразиле оптимизам дека ќе најдат решение, а лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, за Радио слободна Европа ги потврди зборовите на премиерот Заев дека со сведоци нема да се добие државјанство, туку со некаков документ со кој ќе се потврди дека лицето живеело во Северна Македонија.

Пред неколку дена, прашан од ТВ21, претседателот на Владата, Зоран Заев изјави дека сведоците не се решение, а тоа што ќе им се предложи на лидерите на Албанската опозиција, на Села и Гаши, е законско решение според примерот на законот за 2004 година за добивање на државјанство.

ТВ21 пред неколку дена извести за списокот на документацијата која според Законот за државјанство може да важи како доказ за добивање на државјанство. Ова опција ја потврди и координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбр Адеми.