Познатиот диригент Миодраг Јаноски почина на 85-годишна возраст.
Миодраг Јаноски е роден во 1936 година во Велес. Дипломирал виолина на Музичката академија во Белград во 1966 година, потоа композиција и во 1973 година и диригирање. Магистрирал на Музичката академија во Љубљана, а се доусовршувал во во Софија и Сиена.
Својата кариера ја започна како виолинист во белградската филхармонија. Беше член на белградскиот камерен ансамбл, и како виолинист и како помошник-диригент Антонио Јанигро.
Ги диригираше и македонската и белградската филхармонија, ансамблот на скопската опера, камерниот ансамбл „Зрењанин“, оркестарот на државниот конзерваториум во Софија, камерниот оркестар во Нови Сад …
Добитник е на Златен медал „Јован Ѓорѓевиќ“ во 1987 година и Октомвриската награда
на Нови Сад во 1990 година.
Ќе биде погребан на 12 април, во 13 часот на Новите гробишта во Белград.