Семејството Версаче го одбележа 20 век, а сето она што го носи популарноста на ова презиме, некогаш се плаќа со тешки животни предизвици.
Додека сите зборувале за Џани и за неговата сестра Донатела, за наследничката на модното царство Версаче се знае многу малку. По смртта на Џани управувањето со компанијата го презеде Донатела, но сепак Џани во тестаментот 50 отсто од компанијата ѝ го оставил на својата миленичка, внуката Алегра. Таа на 18 години станала мултимилионерка, во чие сопствеништво е модната империја вредна 800 милиони долари. Но, и покрај тоа, Алегра била многу несреќна девојка.
Борба со анорексијата
Во 2010 година Алегра се борела за живот, имала одвај 32 килограми и долго време поминувала по болница и на макотрпно домашно лекување од анорексија.
– Мојата ќерка е во многу сериозна состојба. Со години боледува од тежок облик на анорексија и сите сме многу загрижени. Лекарите прават сè што можат за да ѝ помогнат – изјави тогаш Донатела, откривајќи дека Алегра ја хранат со сламка.
Кога Џани починал, Алегра имала само 11 години. Мистериозното убиство на Џани, бурниот живот на Донатела и нестабилната наследничка која многу млада падна во канџите на анорексијата, ја сочинуваат животната приказна на славното семејство Версаче, кое со децении го следи голема слава, но и уште поголема трагедија. Алегра Версаче на 18 години стана мултимилионерка, но тоа само ѝ донело несреќа.
Многумина се изненадија кога дознаа дека на 18-тиот роденден Алегра наследила повеќе од 800 милиони долари од вујко ѝ, бидејќи ја назначил за наследничка на 50 отсто од компанијата.
Иако за многу тинејџерки ова би било прекрасен сон, за Алегра животот со славно презиме е вистински кошмар.
– Преферирам анонимност. Работам со непознати италијански дизајнери, им помагам во организирањена модните ревии, рекламирање, помагам во креативниот дел. Но, најдобар дел од тоа е дека сум никоја. Ме плаќаат, засега недоволно за да живеам безгрижно, но сè можете да научите кога се чувствувате слободно, ако не се криете од папараците и се плашите за секое озборување кое можете да го чуете – изјавила Алегра пред пет години за италијанска „Република“.
Живот далеку од јавноста
Таа му била миленичка на Џани, но и покрај големото богатство наследничката пораснала во сериозна и повлечена девојка, а периодот на нејзината адолесценција ја одбележала суровата борба со анорексијата поради што постојано била спомнувана во медиумите.
– Тоа го нарекувам свој период на непостоење, бев изгубена во размислувањата и не можев да се соочам со реалноста, имав затворени очи. И згора на сè, сакав само едно – да бидам никој, да бидам непрепознатлива, да не ме бркаат. Каде и да одам, јас сум Версаче. Не можев да побегнам и тоа ми наштети – искрено зборувала Алегра во една прилика.
Ќерката на славната Донатела Версаче и поранешниот американскимодел Пол Бек, израснале во предградие на Милано со помладиот брат Даниел. Елтон Џон кого го обожава и го вика „вујко“ ѝ го подарил првиот клавир.
Алегра ретко се појавува во јавност и ги избегнува фотографите, а нејзиното последно појавување беше на годинешната „Мет гала“ каде што им позираше на фотографите покрај мајка ѝ Донатела и пријателката Леди Гага.