Доколку сакате да подготвите храна доцна навечер, а немате време да чекате да се одмрзнат продуктите , поточно ви е потребно набрзина да ги извадите и одмрзнете, постојат неколку трикови кои можат да ви помогнат.
1. Одмрзнување на месото со ладна вода
Постапката е многу едноставна – замрзнатото месо се става во ладна вода. Не го ставајте во длабок сад полн со вода, туку во чинија па потоа во мијалникот пуштете водата да тече над него. Како што ќе се одмрзнува, постепено одвојувајте го, ако е во парчиња. Никако не користете топла вода, бидејќи ќе почне термички да се обработува површината на месото.
2. Забрзајте го одмрзнувањето на работната површина
Овој совет вреди само ако имате гранитни работни површини, што сè уште не е точно познато зошто и како се случува. Но, наводно дејствува. Месото или некои други производи само треба да ги оставите на работната гранитна површина и да почекате.
3. Топење на путерот
Ако првите торта, а сте заборавиле да го извадите путерот од фрижидер, наместо во микробранова или во рерна, попаметно решение е да го ставите во сад во кој ќе го стопите на пареа. Повремено вртете го за да не омекне само едната страна, а на тој начин ќе имате омекнат путер за крем или за што и да ви треба.