Овен

Под влијание на планетарната енергија, би можеле да имате помалку фантазии и бесцелни разговори, а повеќе попрактично планирање на заедничката иднина. Ако сметате дека вашата врска е на разнишани нозе, можеби е време да ги преиспитате своите потреби. Ако ви е потребна поголема сигурност и стабилност, време е за разговар.

Бик

Ќе ги игнорирате прашањата што ве измачуваа и ќе продолжиоте понатаму во позитивен дух. Веројатно ќе се затекнете во фрустрирачка положба зашто вашите шефови ќе влечат на една, а вие на друга страна. Вработените во услужните дејности денес една фаза од својата работа ќе ја доведат до крај. Кај другите сè ќе биде вообичаено.

Близнаци

Постои една екипа на која сте ѝ трн во око и се обидува да ве деградира кажувајќи лаги за вас. Вие сте целосно задоволни од врската и инсистирате на интензивно гледање. Не само што не сте задоволни од резултатите од работата, туку се плашите дека ситуацијата нема да се повтори. Партнерот се обидува да ве развесели.

Рак

Ќе бидете склони да проповедате и да држите предавања и на оние кои се подготвени да ве слушаат и на оние кои не се. Важно ви е да го кажете што го имате. Би било добро кога не би функционирале на овој начин со партнерот, бидејќи тоа брзо ќе ве врати на вашето место. Наместо празните приказни, покажете ги чувствата.

Лав

Моменталнта планетарна енергија ви сугерира денес да истражите малку подлабоко што чувствува одредена личност за вас. Ако не сте во љубовна врска, но сте во рана фаза, тогаш денес, дознајте што чувствува потенцијалниот партнер, за да знаете што да очекувате понатаму. Можеби е време да направите сериозен разговор.

Девица

Добро сте расположени и не сфаќате сериозно некои забелешки или однесувања од страна на луѓе со кои блиско соработувате. Знаете што ви е важно да направите и ќе се обидете да ја завршите својата работа навреме, а другите нека се снаоѓаат како што знаат и умеат. За вас е важно да има хармонија во односот со партнерот.

Вага

Правите деловни планови кои немаат основа за да не можат да се реализираат, а не сте свесни за тоа. Оние што се во врска, ќе ѝ бидат сигурна потпора на саканата личност. Врската со брачниот партнер е стабилна и страсна. Оние што се сингл, големата самодоверба ќе ги води во нови љубовни акции. Ќе сакаат да освојуваат.

Скорпија

Денес, не ставајте ги на вага вашите емоции и мисли кога станува збор за љубовта. Некој ваш близок веќе нема намера да седи и да чека да размислите. Ако се плашите или сте загрижени да ги покажете вашите вистински емоции од страв да не бидете одбиени, тогаш е време да се соочите со нив и да кажете што ви лежи на срце.

Стрелец

Денес, вашето мислење може да биде тема на нечиј разговор. Поседувате силна волја којашто не се плашите да ја покажете. Ќе ја имате таа можност. Подучете ги луѓето околу вас со вашето освежувачко знаење. Преземете ја контролата за време на разговорот и прифатете го предизвикот да ги привлечете другите на ваша страна.

Јарец

Престанете да се грижите за последиците и започнете веќе еднаш. Денес е денот кога треба да бидете силни и агресивни. Луѓето околу вас би можеле да реагираат исто како вас, затоа очекувајте размена на удари, со кои сигурно знаете како да се справите. Може да има многу забава во обидот и во потрагата по успехот што го сакате.

Водолија

На професионално поле, кога некој си заминува, си заминал така што вие не го очекувајте, но кога вие заминувате, вас ве очекуваат. Не сте свесни за тоа. Ќе комбинирате сериозен и ноншалантен пристап во љубовта. Резултатот ќе биде збунетост на партнерот или личноста на која ѝ се додворувате. А, вие ќе уживате во тоа!

Риби

Не застанувајте, сè додека не успеете. Не дозволувајте нечија несигурност да влијае на вас. Имајте доверба во себе и начинот на кој реагирате. Само затоа што некој друг е тажен, не значи дека вие сте задолжени да го развеселувате. Ќе се поврзете со група луѓе кои ги сакате и со нив ќе ја споделите веселбата од денешниот ден.