Од 11 јануари кога почна процесот на вакцинација, заклучно со вчерашниот ден, во Албанија против Ковид-19 имунизирани се над 155 илјади лица, објави на Фејсбук министерката за здравство, Огерта Манастирлиу.

Таа нагласува дека кампањата „Албанија се насмевнува“ нема да запре додека не се вакцинира последниот граѓанин.

-Ние нема да застанеме со кампањата „Албанија се насмевнува“ сè додека не се вакцинира последниот граѓанин. До синоќа вакцнирани се 155.463 лица. Албанија се насмевнува, напиша Манастрлиу.

Додава дека до сега се потрошени 50 отсто од приситигнатите 282 илјади дози вакцини и оти со оние кои ги очекуваат и со темпо од по околу 30.000 вакцини дневно, до крајот на мај „од опасниот врус ќе бидат заштитени 500.000 граѓани“.

Најголем број од пристигнатите или 192 илјади се кинески вакцини, 10 илјади се „Спутник В“ донација од ОАР, и по околу 40 илјади Астра Зенека и Фајзер.

Вакцинацијата почна со донираните 975 вакцини од, како што тогаш кажа премиерот Еди Рама, пријатеска земја, членка на ЕУ.

Албанија има потпишано договор со Фајзер за 200.000 дози, преку Ковак механизмот ќе набави 1.114.000, додека преку турски дистрибутер договрена е колична од милион дози од кинеската вакцина.

Досега умнизиран е целокупниот здравствен персонал во земјата а при крај е вакцинацијата на просветните раборници. (МИА)