Железница ќе се подновува со ново возило, но не со воз, туку со патнички автомобил. Во огласот на Бирото за јавни набавки стои дека претпријатието ќе купи лимузина. Планира за возила да потроши до 68 илјади евра, па дури е наведен и видот на дизел-мотор, односно ТДИ, но тој е препознатлив само за одреден бренд на возила. Во техничката спецификација за набавката нема цена, но стои дека автомобилот треба да биде до 2 илјади кубни сантиметри со минимални 147 коњски сили. Треба да поседува осум степен автоматски менувач, да препознава замор кај возачот, да предупреди кога ќе се напушти коловозната лента, стартување без клуч, но и да може сам да паркира. Но, тоа не е сè:

Техничка спецификација:

– Advertisement –

Паркинг сензори
Задна паркинг камера
Навигација
Година на производство 2021

Понудите треба да бидат доставени најдоцна до 15 месецов. Не се планира електронско наддавање кое би значело зголемена конкуренција или пониска цена. Инаку, загубите во железничкиот транспорт во земјава достигнаа 8,3 милиони евра. Во превозот на патници, загубите на железница само за лани се над 700 илјади евра додека во транспортот на стоки над 2,3 милиони евра. Железници пред три години доби позајмици од државните МЕПСО и ЕЛЕМ за исплата на плати. МЖ – Транспорт е едно од претпријатијата за кое премеирот Зоран Заев најави дека би можело да се приватизира.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе