Леси Максвел се посветила на фитнесот кога наполнила 48 години и оттогаш не престанала да тренира. 64-годишната баба од Австралија вели дека се смети себеси за личност која не познава години.

Почнала да се занимава со фитнес на 48-годишна возраст, а по само една година, победила на фитнес натпревар. Максвел вели дека вежбањето е нејзиниот живот, а таа работи и како личен тренер.

Се натпреварувала повеќе од 30 пати и красела исто толку насловни страници на престижни списанија за фитнес.

Фитнесот и здравјето се мојот живот и сакам да ги инспирирам другите да водат здрав начин на живот и да одржуваат силно и витко тело без оглед на возраста“, вели Лесли.

Таа е мајка на три деца, а има и три внуци. Најмногу сакала да вежба со својата 19-годишна внука Тија, со која често објавува заеднички видеа кои станаа вирални на социјалните мрежи, пишува „Мирор“.

Додека Лесли одлично се забавува со својата внука, нејзината ќерка Ванеса не ја поддржува својата мајка во целост и ја советувала да забави со тренинзите, бидејќи вежбала пет пати неделно.

Покрај тоа, нејзината ќерка не била задоволна од разголените фотографии што Лесли ги објавува на својот инстаграм-профил каде има повеќе од 64 илјади следбеници.

Фитнесот е мојот живот и секогаш сум во теретана со малку облека. Се натпреварувам и затоа сум навикната да бидам во минимално бикини. Немам проблем да прикажувам такви фотографии. Не се срамам од своето тело. Морам да бидам продукт на она што го работам. Не можам да се покривам ако сакам да го покажам моето тело. Зошто човек да биде стар и болен ако не мора да биде? Зошто да не бидам на врвот на светот?“, вели таа.