Инаку, британско-шведската компанија Астразенека пред извесно време соопшти дека вакцината е 76 проценти ефикасна во спречување на инфекции со коронавирус и дека студиите не покажале повисок ризик од згрутчување.
Во продолжение е листата на земји кои продолжија да ја користат вакцината Астра зенека, некои со ограничувања на возраста, како и на оние во кои е прекинато вакцинирањето со оваа вакцина.
Вакцината се користи во:
Австралија – здравствените власти велат дека не е докажана врската меѓу вакцината и згрутчувањето на крвта и додека трае истрагата, вакцинацијата продолжува.
Бугарија – вакцинацијата продолжи од 19 март.
Кипар – ја прекина вакцинацијата на 15 март, но четири дена подоцна, на 19 март продолжи.
Канада – одлучи да ја прекине вакцинацијата на лица помлади од 55 години и бара нова анализа на придобивките од вакцината и ризиците според возраста и полот.
Франција – На 19 март продолжи вакцинацијата со Астра зенека, но само на постари од 55 години.
Финска – На 29 март продолжи употребата на Астра зенека за лица постари од 65 години.
Грузија – ограничена употреба на вакцината по смртта на медицинска сестра од анафилактички шок и вакцинацијата ќе продолжи само во целосно опремени медицински центри
Германија – од 31 март ограничена употребата на лица над 60 години и високо приоритетни групи
Исланд – на 25 март продолжи вакцинацијата со Астра зенека откако претходно беше прекината на 11 март
Индонезија – продолжи со употреба на Астра зенека на 22 март.
Ирска – по прекинот на 14 март планира да продолжи со употреба на Астра зенека за сите над 18 години.
Италија – на 19 март продолжи да ја употребува, а Италијанците кои одбиваат да ја примат подоцна ќе имаат алтернатива.
Латвија – уште на 19 март најави дека ќе продолжи да ја користи.
Литванија – се дава на лица постари од 65 години.
Холандија – на 18 март имаше најава дека ќе продолжи вакцинирањето со Астра зенека.
Македонија – Вакцината ќе се дава само на лиза постари од 65 години.
Јужна Кореја – користи Астра зенека.
Шпанија – на 30 март најави дека ќе ја користи вакцината за лица на 55-65 години, а еден ден подоцна објави дека ќе прошири вакцинацијата и на постари од 65 години.
Шведска – од 25 март ја употребува за лица постари од 65 години.
Тајланд – ја користи од 15 март.
Употребата на Астра зенека е прекината во Австрија, Камерун, Данска, Норвешка, Романија