Потребно е многу храброст да ја скратите косата доколку имате долга коса цел живот. А, доколку не ви се допаѓа новата фризура – нема враќање назад. Сепак, таа промена честопати може да биде вистинскиот потег, целосно да ве трансформира и да ви го отвори лицето.

Ја сакате вашата долга коса, ја негувате постојано, но не гледате дека „ве проголтала“ и дека вие всушност сте се претвориле во неа. Можеби е време да размислите за ножици. Но, пред да го направите тоа, добро е да погледнете како кратењето на косата може да заврти сè на подобро и да му даде нов сјај на вашето лице.

Тогаш и новиот фустан ќе изгледа подобро на вас…. Едно непишано правило вели дека жената, кога не и оди добро во животот, кога е несигурна или е лошо расположена, најпрвин одлучува да ја смени фризурата.

Во секој случај, јасно е дека добриот избор на фризура навистина може да ве подмлади и да извлече нешто што можеби било скриено во вас, погледнете…