Албанија вклучи воен медицински персонал за помош во масовна кампања за вакцинирање пред летната туристичка сезона.
– Четириесет воени лекари и медицински сестри помагаат да се вакцинираат лица постари од 70 години, изјави министерот за одбрана, Нико Пелеши.
Државата доби 192.000 дози кинеска вакцина „Синовак“ против коронавирус по посетата на премиерот Еди Рама на Турција минатата недела.
Албанија од минатиот викенд спроведуваше 10.000-20.000 вакцинации на ден, со цел да достигне половина милион до јуни.
Албанија, која има 2,8 милиони жители, потпиша договори за вкупно 2,5 милиони дози вакцини од „Фајзер“, „АстраЗенека“, „Спутник V“ и „Синовак“. До сега од овие компании има добиено над 282 илјади вакцини.
Работи на склучување повеќе договори за набавка на вакцини, така што до пролетта 2022 година, целосно ќе ја вакцинира целата популација.
Албанија регистрираше 125.000 случаи на инфекција со коронавирус и 2.227 смртни случаи од Ковид-19.